
– Британскиот глумец Роберт Харди, најпознат по улогата на волшебникот Корнелиус Фаџ од серијалот филмови за Хари Потер, почина вчера на 91-годишна возраст.
Актерот живееше исполнет живот и имаше „огромна театарска, филмска и телевизиска кариера, што траеше повеќе од 70 години“, стои во соопштението до јавноста на неговото семејство.
Харди е роден на 29 октомври 1925 во англсиката област Глаучестершир. Други негови позначајни улоги се онаа на Винстон Черчил во неколку ТВ проекти, како и неговиот удел во „All Creatures Great and Small“ – една од подолгите британски сапуници во историјата.