Почина член на кралското семејство

од Stefanija Kuzmanovska
498 прегледи

Томас Кингстон, сопругот на Лејди Гејбриел Виндзор, почина на 45-годишна возраст.

„Со најдлабока тага ја објавуваме смртта на Томас Кингстон, нашиот сакан сопруг, син и брат. Том беше извонреден човек кој им ги разубави животите на сите што го познаваа. Неговата смрт е голем шок за целото семејство и бараме да ја почитувате нашата приватност додека жалиме за неговата смрт“, се вели во соопштението на семејството.

Ќе биде спроведен увид за да се утврдат причините за смртта, но нема сомнителни околности и нема други инволвирани страни.

Кралот и кралицата ги испратија своите „срдечни мисли и молитви“ до семејството Кингстон, пишува „Дејли мејл“.

Слични содржини