Утрово починал познатиот професор и неврохирург Јовица Угриновски.
-Со огромна жалост сакаме да ве известиме дека утрово на 77-годишна возраст по тешко боледување почина нашиот ценет и почитуван проф. Д-р Јовица Угриновски, соопштија од приватната болница „Неуромедика“.
Угриновски беше основач и претседател на Управниот одбор на „Неуромедика“, како и претседател на Федерацијата на планиниски спортови на Македонија.
-Менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работењето, додаваат од болницата.
Јовица Угриновски е роден 1945 година во Скопје. Специјализирал неврохирургија во Скопје во 1975 година, по што завршил три постдипломски курса по неврохирургија во Монпелје (1977), Манчестер (1978) и Братислава (1981), магистрирал (1978) и докторирал (1986). Придонел во воведувањето на проспективниот предвидувачки скоринг-систем во неврохирургијата и методот на премостување на крвните садови во мозокот.
Во 1996 година, Угриновски беше и кандидат за градоначалник со поддршка на СДСМ.