Почина дете на Детската клиника во Скопје

од Nikola Popovski
32 прегледи

На Клиниката за детски болести во Скопје починало 9-годишно дете, кое било донесено во тешка состојба од штипската болница. За ова информираа денеска преку пишано соопштение од Клиничка болница-Штип.

Директорот на Детската клиника, Реџеп Мемеди информирал дека детето било донесено во многу тешка здравствена состојба. Претходно било болно, било дехидрирано и имало цревна инфекција.

Од Штипската клиника појаснуваат дека детето е донесено на Одделот за детски болести во ЈЗУ Клиничка болница -Штип на 14 јануари во 18 часот во тешка општа состојба со засегната свест.

-Веднаш се реализирани биохемиски иследувања и КТ на глава и поради тешката состојба со медицинска придружба во 19 часот истиот ден детето е транспортирано до УК ДБ-Скопје, се вели во соопштението.

Кон средината на декември, седуммесечно бебе почина на скопската Клиника за детски болести. Според информациите, бебето првиот пат кога било однесено на Клиниката било одбиено за хоспитализација, а било примено тек после 48 часа кога органите веќе му откажувале.

Слични содржини