406
Девојчето кое беше тешко повредено во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ на Врачар, Белград, почина по 12 дена борба за живот, пренесува „Телеграф.рс“.
Таа е десеттата жртва на масакрот кој го изврши момчето Коста К. на 3 мај во ова училиште, кое уби девет ученици и еден член на обезбедувањето.
Оваа информација ја потврди српското министерство за здравство.
Пациентката со сериозни повреди на главата опасни по живот била згрижена на Универзитетската детска клиника. Дванаесет дена се борела за живот.