На возраст од 86 години почина режисерот Милош Форман , објави Холивуд Репортер и РИА Новости, цитирајќи ги чешките медиуми.

 

Меѓу најпознатите филмови на Foreman се оскаровските ” Лет над  кукавичкото гнездо“, ” Амадеус “,а меѓу неговите останати познати дела се и „Народот против Лари Флинт“ и „Човек на Месечината“.

Тој е роден на 18 февруари 1932 година во местото Часлав во близина на Прага, како Јан Томас Форман. Неговите родители биле убиени во нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц и Форман поголем дел од детството минал во дом за деца без родители.

Во 50-те години на минатиот век почнува да се занимава со снимање филмови, како еден од претставниците на „златната генерација на чехословачката кинематографија“. Во 1968 година за време на советската воена интервенција во Чехословачка, Форман се наоѓа во Париз, од каде емигрира за САД и во 1975 година добива американско државјанство.