Почина Франс Гал – пејачката која го испеа хитот на Евровизија „Ella, Elle L’a“

од desk4
98 прегледи

Француската пејачка Франс Гал позната по планетарниот хит „Ella, Elle L’a“ почина денес по двегодишната борба со ракот, јавуваат француските медиуми.

Франс починала на 70 години во болница во Париз како последица на болеста.

Таа беше многу популарна во 60-тите години на 20-тиот век, а победи и на Евровизија во 1965 година со песната „Poupee de cire, poupee de son“ каде настапи како претставник на Луксембург.