На 67 годишна возраст почина Глен Фреј, еден од основачитена рок групата ,,Eagles”.

Тој почина во Њујорк , по компликациите на ревматоиден артритис, улцеративен колитис и пневмонија, се вели восоопштението објавено на веб-сајтот на бендот, jaвува CNN.  Глен Фреј е автор на мегахитот “Хотел Калифорнија”  и „Life in the Fast Lane“..

Гитаристот Глен Фреј и тапанарот Дон Хенли ги основаа Eagles во 1971 година. „Life in the Fast Lane“.Албумот со најголемите хитови на бендот „Their Greatest Hits (1971-1975)“ според продажбата во САД е на второто место со продадени 29 милиони копии, веднаш зад „Thriller“ на Мајкл Џексон со 30 милиони продадени примероци.

Бендот се расформираше во 1980-та  година, но музичарите повторно се собраа во 1994 година за специјалната снимка за музичкиот канал MTV, по што тргнаа на турнеа која траеше до 1994 до 1996 година и во тој период одржаа 160 концерти.

 

 

Слични содржини