Откриени неексплодирани гранати во објект на „Илинденска“

од Nikola Popovski

Две неексполодирани гранати била пронајдени во двор на објект на булеварот „Илинден“ во Скопје.

Како што информираат од полицијата, вчера во 18.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека во рециклажен двор на ЈП „Комунална хигиена“ на „Илинденска“ биле пронајдени две неексполодирани гранати.

-Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Скопје безбедно ги подигнал гранатите, а увид извршила екипа од СВР Скопје, стои во полициското соопштение.

Слични содржини