Музичарот Јасмин Ставрос почина денеска во Загреб на 69-годишна возраст, откако во последните месеци се бореше со рак на коските, дознава „Јутарњи лист“.
Да потсетиме, за неговата животна битка се дозна во средината на март, кога поради болки во грбот отишол во болница, а откако ја добил дијагнозата, се наоѓал на болничко лекување.