127
Еден Јапонец кој намерно го ширел коронавируст починал, откако се заразил со смртноносната болест.
Мажот (57) живеел во градот Гамагори, во провинцијата Ачи и починал во болницата каде бил хоспитализиран.
На почетокот од март му бил дијагностициран коронавирус. Се наоѓал во инфективното одделение, а лекарите му препорачале самоизолација.
Наместо тоа, тој наводно, отишол во најмалку два кафе-барови и ги известил роднините, кои исто така биле позитивни на коронавирус, дека тој ќе замине „да го шири вирусот“.