Почина Југослав Тодоровски – поранешен градоначалник на Скопје

од Nikola Popovski

По долго и тешко боледување, вчера починал поранешниот градоначалник на Скопје, Југослав Тодоровски. Тодоровски ја извршувал функцијата „градски татко“ во периодот од 1986 до 1991 година. Претходно бил на повеќе државни функции.

Семејството на Тодоровски информира дека погребот ќе се изврши денес на Градските гробишта – Бутел, а последна почит ќе биде оддадена од 11 часот во капелата на гробиштата.

Тодоровски почина на 86-годишна возраст.

Слични содржини