Почина ќерката на познат рапер: „Проблем за кој не смееме да се плашиме да зборуваме“

од Stefanija Kuzmanovska
411 прегледи

Перси Роберт Милер (52), американски рапер попознат како Мастер Пи, објави дека починала неговата ќерка Татјана Милер (29), која долго време се борела со злоупотреба на дрога и страдала од психички проблеми.

Трагичната вест раперот ја објави на Инстаграм.

„Нашето семејство се бори со голема тага поради загубата на ќерка ми Татјана“, напиша тој. „Со почит бараме малку приватност за да може нашето семејство да тагува. Ги цениме сите молитви за љубов и поддршка. Менталните болести и злоупотребата на супстанции се проблем за кој не смееме да се плашиме да зборуваме. Ќе го надминеме тоа со Бога. #Мој ангел“, стои во објавата.

Слични содржини