Почина Кевин Куран, еден од сценаристите на „Симпсонови“

од desk3
91 прегледи

ТВ сценаристот и продуцент Кевин Куран, добитник на шест Еми награди како дел од сценаристичкиот тим на „Симпсонови“ и „Доцна навечер со Дејвид Летерман“, починал во вторникот во Лос Анџелес од последици од рак во 60. година од животот.

kevincurran

Веста ја потврди творецот на „Симпсонови“ Ал Џин на Твитер, кој го запознал Куран кон крајот на седумдесетите, додека заедно студирале на Харвард.

„Кевин беше прекрасен, сјаен човек, кој кажа многу урнебесни работи, некои не се за медиумите, а некои засекогаш ќе зижвеат во анимираната серија“, напиша Џин.

Куран седум години бил во врска со британската писателка Хелен Филдинг, авторка на романите за Бриџит Џоунс, со која има син и ќерка./MЈА