Рускиот космонаут Алексеј Леонов, првиот човек кој се шеташе низ вселената во далечната 1965 година, почина денеска во Москва во 86 година.

Леонов почина во болницата „Бурденко“ по долга болест и ќе биде погребан на Сојузните воени гробишта на15 октомври, рече за тас неговата секретарка.
Рускиот космонаут два пати леташе во вселената, а летовите траеја вкупно седум дена.
За време на вториот лет во 1975 година, беше командант на посадата која учествуваше во меѓународната мисија која застана на советското вселенско летало „Сојуз 19“ и американското „Аполо 18“.
Алексеј Леонов требаше да биде првиот човек кој стапнал на Месечината, но таа мисија е откажана.