Почина Кралот на фудбалот, светот се прости од легендарниот Пеле

од Stefanija Kuzmanovska
259 прегледи

Легендарниот Едсон Арантес до Насименто Пеле, почина по долго и тешко боледување во Сао Паоло. Имаше 82 години.

Тој одамна го доби прекарот Крал на фудбалот. За многумина тоа остана така и ќе остане засекогаш. Беше волшебник со топката, играч што светот не го виде дотогаш, а и децении подоцна, се до појавата на Диего Марадона.

Роден во Трес Корасоес (Три срца) на 23 октомври 1940 година. Името го добил по познатиот американски пронаоѓач Томас Едисон, но, според бразилскиот начин на говорење, засекогаш останал Едсон.

Растејќи во предградијата на Сао Паоло, работел како келнер во локална чајџилница. Тој започна да игра фудбал во локалниот клуб Бауру и ќе остане запаметен како еден од трите клуба каде што кралот играше фудбал. Го тренирал и легендарниот Брито, кој му ја режираше кариерата, препознавајќи го бисерот од фудбалер.

Во 1956 година, Брито го однесе во Сантос, сè уште една од легендите на бразилскиот фудбал. Тој само им порача на челниците на клубот:

„Ова момче ќе биде најголемиот фудбалер што светот некогаш го видел“.

Пеле го направи своето деби за сениорскиот тим на 7 септември 1956 година, на неполни 16 години. И веднаш беше стрелец во победата (7:1) над Коринтијанс.

Слични содржини