Портео, кучето кое пронајде две лица под урнатините на Турција, почина во неделата додека трагаше по преживеани, соопшти мексиканското Министерство за одбрана (СЕДЕНА).
„Припадниците на мексиканската армија и воздухопловните сили длабоко жалат за загубата на нашиот другар Портео. Ја исполнивте вашата мисија како член на мексиканската делегација за пребарување и спасување во Турција. Ви благодариме за вашата херојска работа!“, се вели во соопштението на Министерството.
Веста ја потврди министерот за меѓународни односи Марсело Ебрард.
„Жалам за смртта на Портео, член на спасувачкиот тим СЕДЕНА во Турска. Тој го прослави името на Мексико и нашиот народ“, рече Ебрард.
Мексиканскиот спасувачки тим во Турција одржа церемонија во чест на Портео со едноминутно молчење и аплауз со благодарност.
Војникот Вилједа, кој бил водич на Портео, изјавил дека ова куче никогаш не се откажало и дека умрело на работа, не наведувајќи детали. Мексиканските медиуми, пак, неофицијално наведуваат дека остатоците паднале врз Портео додека трагал по преживеани.
„За жал, нема да се вратиш со мене, но јас секогаш ќе те паметам. Се надевам дека цело Мексико ќе те памети и никогаш нема да те заборави. Ќе се видиме еден ден повторно“, рекол водичот на Портео.