235
Актерката Ракел Велч почина на 83-годишна возраст, пишуваат странските медиуми.
Како што изјавило нејзиното семејство за ТМЗ, актерката починала утрово по кратко боледување.
Ракел е родена на 5 септември 1940 година во Чикаго, а поради убавината и „раскошните облини“ беше секс симбол во седумдесеттите години на минатиот век.
Таа ги одигра најпознатите улоги во филмовите „Фантастично патување“ и „Милион години пред Христос“.
Покрај тоа, таа имаше забележителни улоги во продукциите „Чудотворец“, „Тројцата мускетари“, „Четирите мускетари“ и други.
Таа се мажеше четири пати, а беше со Ричард Палмер до нејзината смрт.