Почина легендарниот актер Димче Мешковски

од Nikola Popovski
273 прегледи

Почина легендарниот актер, Димче Мешковски, кој беше еден од нашите најзначајни филмски и телевизиски хумористи.

Роден е на 31 октомври 1945 во Скопје. Беше актер во Драмски театар.

Глумеше во филмовите „Викенд на мртовци“ каде беше легендарниот Тасе, во „Солунски патрдии“ го играше Секула, а исто така беше дел од екипата на „Женски оркестар“ и „Хиирику“.

Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело. Тој е татко на познатата македонска пливачка, Наташа Мешковска.