Почина Лук Монтање, нобеловецот кој го откри ХИВ вирусот

од Nikola Popovski

Францускиот виролог и нобеловец Лик Монтање, човекот кој го откри ХИВ вирусот, почина на 89-годишна возраст во предградие на Париз, објави Њујорк Тајмс.

Тој стекна голема слава со откривање на вирусот што предизвикува СИДА, но во подоцнежните години се огради од своите колеги, впуштајќи се во необични експерименти кои ги доведуваат во прашање основните принципи на науката. Тој беше отворен противник на вакцините за време на пандемијата на коронавирус.

Тој ја доби Нобеловата награда во 2008 година за истражување на ХИВ вирусот, а што се однесува до коронавирусот, тој тврдеше дека е создаден вештачки.

„Болеста Ковид-19 е создадена во лабораторија во Вухан, која е специјализирана за истражување на коронавирус од последната деценија. Научниците веројатно ставиле РНК од ХИВ во короната во потрага по вакцина против тој вирус, па дошло до манипулација. Не знам како вирусот излеголод лабораторијата, можеби некој волшебник е виновен за тоа“, рече тој во 2020 година.

Неговите изјави кренаа голема прашина, а тие тврдења беа демантирани од Институтот Пастер во Париз, каде што тој беше шеф на Одделот за вирусна онкологија во времето на откривањето на ХИВ во 1983 година.

Тој беше во конфликт со научната заедница повеќе од десет години. По добивањето на Нобеловата награда, Монтење во 2009 година изјави дека силен имунитет е доволен во борбата против ХИВ вирусот, за кој тој го поминал најголемиот дел од својата кариера истражувајќи. Тој тогаш изнесе теорија дека водата има меморија.

Слични содржини