2,2K
Новинарот Исуф Кадриу починал денеска на 52-годишна возраст од срцев удар во туристичкиот град Шенѓин, Албанија, каде што бил на одмор со семејството. Кадриу бил заменик-главен и одговорен уредник на телевизијата Алсат.
Паралелно со неговите ангажмани во медиумите во земјава, од 2001 година Кадриу е постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје, од каде известува за политички, економски, културни случувања и настани од Скопје и земјава.
Кадриу зад себе остави сопруга и три деца.