Осуденик на година и половина затворска казна, почина во затворот „Скопје“ во Шутка. Тој бил на чекор за да излезе на слобода бидејќи отслужил најголем дел од казната.
Станува збор за 54-годишен скопјанец, кој бил осуден за дрога.
Неофицијално, се сѐ случило додека осуденикот бил во шеталиштето на затворот.
„Макфакс“ дознава дека тој играл фудбал, по што му се слошило. Затворските полицајци први истрчале на помош, а повикале и Брза помош. Имало обид за реанимација кој бил неуспешен. Неофицијално, причината за смртта е срцев удар.
Осуденикот со иницијали Д.З. отслужувал казна во отворениот дел на затворот, каде престојуваат лица со ниски казни, кои отслужиле повеќе од половина. Станува збор за лице кое имало примерно однесување и не било проблематично.