Почина писателот Филип Рот, добитник на Пулицерова награда

од desk4
107 прегледи

  Американскиот книжевник Филип Рот почина во текот на ноќта во 85-тата година од конгестивна срцева слабост, соопшти неговиот агент Ендрју Вејли.

Филип Рот е автор на повеќќе од 30 збирки приказни и романи. Прв негов роман беше„Збогум, Колумбо” во 1959 година, но слава доживеа во 1969 година, со „Портноевата болка”

За романот „Американска пасторала“ во 1998 година ја доби Пулицеровата награда.