Градачац и Босна и Херцеговина се завиени во црно по крвавиот поход што го направи Нермин Сулејмановиќ, пред да се самоубие.
Сулејмановиќ во крвавиот поход денеска ги убил сопругата и уште две лица. Убиството го пренесуваше во живо на Инстаграм. За жал, на повредите им подлегна и ранетиот полицаец Хусеин Коториќ и тој е четвртата жртва на крвавото убиство на Сулејмановиќ.
Како што објави „Аваз“, убиена е Невзета Хеќимовиќ, невенчаната сопруга на Сулејмановиќ, потоа Ондер Џенгиз и Денис Џенгиз, татко и син, турски државјани.
Сулејмановиќ откако ги убил, се самоубил пред полицајците по потрагата по него која траела со часови.
Новинарите на „Аваз“ пристигнале на местото каде што се самоуби убиецот Сулејмановиќ.
Како што можете да видите, куќата во која се случило злосторството ја обезбедуваат полицајци.
Кога Сулејмановиќ бил фатен и опколен, тој се самоубил пред очите на полицијата.