Почина познатиот кантри пејач: Пред два дена дознал дека има корона

329 прегледи

Познатиот кантри пејач Џо Дифи почина во неделата на 62 години, откако му се комплицирала здравствената состојба поради коронавирусот, пренесува Mirror. Џо пред два дена дознал дека е позитивен на ковид-19, а тажната вест ја потврди неговиот менаџер.

– Кантри музичката легенда Џо Дифи почина денеска, недела 29 март, поради последица од коронавирусот. Неговото семејство бара приватност – напишал менаџерот.

Џо бил смирен кога дознал дека е заразен.

– Се грижат за мене и се лекувам. Семејството и јас бараме приватност во овие моменти. Сакам да потсетам, сите да бидат внимателни за време на оваа пандемија – рекол Џо во петокот. Обожавателите се тажни поради неговата смрт.

Џо во 1999 година доби Греми за најдобра кантри соработка. Познат е по бројни хитови, особено од 90. години на минатиот век. Издал 13 албуми.

Слични содржини