Почина првиот здравствен работник од Ковид 19 во Македонија

од Берта Китинска
387 прегледи

Почина и првиот здравствен работник од Ковид 19, информираа од Фармацевтската комора.

Коронавирус

Станува збор за фармацевтскиот работник Петар Мојсоски од село Подгoрци, Струга.

Според информациите од Фармацевтската комора, тој се заразил извршувајќи ги своите професионални должности, односно додека пружал здравствена заштита на своето работно место, во аптека. Тој починал на скопската Инфективна клиника.

Слични содржини