Прочуениот француски пејач, композитор и актер Шарл Азнавур, почина денеска на возраст од 95 години.

Веста за смртта на славниот музичар ја објавија неговите соработници, а ја пренесе весникот Фигаро.
Азнавур е роден во Париз од ерменски родители, а во својата кариера продаде повеќе од 100 милиони плочи во 80 земји од светот.
Често е нарекуван француска верзија на френк СИнатра.
Во текот на плодната кариера долга седум децении сними повеќе од 1.200 песни на осум јазици.
Ерменија во 2009 година го именуваше за амбасадор во Швајцарија и член на постојаната мисија на таа земја во ОН во Женева.
Лани доби своја ѕвезда на холивудскиот булевар на славните.