Почина Шинзо Абе – поранешниот јапонски премиер подлегна на повредите откако беше застрелан за време на говор

од Vladimir Zorba
280 прегледи

Поранешниот премиер на Јапонија починал откако беше застрелан додека држеше предизборен говор, јавуваат локалните вести.

Јапонската медиумска станица „NHK“ објави дека Абе починал откако бил застрелан двапати.

41-годишниот осомничен беше совладан на местото на настанот од страна на безбедносните службеници и веќе е во полиција.

Претходно јапонскиот премиер Фумио Кишида објави дека Абе е во критична состојба во болница.

Официјалните лица изјавија дека Абе бил застрелан во вратот и градите и дека претрпел значително внатрешно крварење.

Премиерот на Јапонија рече дека, иако не се познати мотивите на напаѓачот, не може да се игнорира поврзаноста со актуелната изборна кампања.

„Се одржуваат избори. Тоа е самиот темел на демократијата и се случи таков инцидент“, рече тој.

„Тоа е варварски и злонамерен чин и не може да се толерира. Ќе сториме се што можеме и би сакал да ги употребам најекстремните зборови за да го осудиме овој чин“, рече Кишида.

Слични содржини