Почина славниот фотограф Питер Линдберг: Заслужен е за оваа прочуена фотографијата

од desk2
172 прегледи

Познатиот германски моден фотограф, Питер Линдберг, кој од 1980-та до 1990-та година работел со супермодели како Синди Крафорд, Нaоми Кембл, Кејт Мос и Линда Евангелиста, почина во 75-та година од животот.

„Со голема тага го објавуваме заминувањето на Питер Линдберг… позади себе остава голема празнина“, пишува во пораката која на неговиот Инстаграм профил ја објавиja неговата сопруга Петра, неговата поранешна сопруга, четирите сина и седумте внуци.

https://www.instagram.com/p/B1-5DQdC6rl/?utm_source=ig_embed

Линдберг, познат по својот драматичен црно-бел портрет и елегантен стил, починал во вторникот, а причината и околностите не се наведени.

Роден е во 1944-та година во Полска, пораснал во Германија, каде ги направил првите чекори како фотограф, пред да се пресели во Париз во 1978-ма година, за да ја продолжи кариерата.