Почина Сулејман Демирел деветиот турски претседател

од Vladimir Zorba
127 прегледи

На 91-годишна возраст почина поранешниот турски претседател Сулејман Демирел, пренесе “Милијет”.  Демирел е деветтиот претседател на земјата. Инженер по образование, тој влегува во политиката во 60-те, бил и  пратеник, а потоа станал најмладиот премиер во историјата на Турција.430x229

Премиер е 5 мандати, и симнат од  од власт по превратот на војската.

Во политиката влегува1 во 961 година  и е избран во турскиот парламент од Партијата на правдата. Три години подоцна застанува на чело на Партијата на правдата. На 27 октомври 1965 година Демирел стана најмладиот премиер на Република Турција. Наметнува политика на уште поблиска зближување на земјата со НАТО.

Во есента на 1979 година повторно е избран  за премиер на Турција. Во септември 1980 година му е извршен воен удар. Сулејман Демирел е соборен од функцијата и добива забрана да се занимава со политичка активност.

Во 1987 година Демирел станува претседател на Партијата на вистинскиот пат и во својство на таков во ноември 1991 година станува повторно премиер на земја. Во 1993 година е избран за претседател на турската република и како таков е до 2000

Тој беше примен во болница во тешка здравствена состојба на 13 мај. Состојбата му се усложнило пред два дена и рано утринава починал.