Почина уметникот Методи Андонов

од Vladimir Zorba

Реномираниот македонски уметник Методи Андонов почина вчера во Штип на 75 годишна возраст.

Тој е автор на споменикот што пред 36 години се подигна во центарот на Штип, во знак на сеќавање на штипските Евреи кои во 1943 беа депортирани во логорот Треблинка.

Андонов е автор и на спомен-обележјето на светската фудбалска легенда Драгослав Шекуларац роден во Штип, а негово дело се и логото и главната статуетка на познатиот македонски фестивал Макфест.

Слични содржини