Почина Вукашин (18) – Шеснаесеттата жртва од уривањето на настрешницата во Нови Сад

од Vladimir Zorba
192 прегледи

Младиот човек кој беше тешко повреден при уривање на настрешница на Железничката станица во Нови Сад, почина по четири месеци и 20 дена борба за живот, станувајќи 16-та жртва на оваа трагедија која со месеци предизвикува протести на студентите и граѓаните во Србија.

Станува збор за Вукашин Црнчевиќ, 18-годишен матурант кој на 27 јануари беше префрлен на ВМА од Универзитетскиот клинички центар во Војводина, каде неговата состојба беше критична, но стабилна.

Од младиот човек денеска се простуваа студенти и професори од економското училиште „Светозар Милетиќ“ на кое тој присуствуваше, како и бројни граѓани на Нови Сад.

На училишната зграда беше истакнато црно знаме, а социјалните мрежи беа преполни со пораки на сочувство.

Во знак на сеќавање, денеска на повеќе локации во градот ќе се одржи 16 минути молчење – по една минута за секоја изгубена жртва во трагичната несреќа.

Слични содржини