Почина жена која управувајќи тротинет била прегазена од автомобил

од Nikola Popovski
76 прегледи

Возрасна прилепчанка почина откако во нејзиниот тротинет удрило возило „мерцедес“, информираат од полицијата.

-На 12.09.2024 во 15.11 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Трајко Николоски“ во Прилеп, патничко возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(47) од Прилеп, удрило во електричен тротинет, управуван од В.П.(60) од Прилеп.

Во несреќата, В.П. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската болница Прилеп, каде што во 17.45 часот починала, појаснуваат од Прилепската полиција.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

Слични содржини