Прилепчанка ги подведувала малолетните ќерки на питачење

од Nikola Popovski

МВР информира дека 37-годишна жена од Прилеп била затекната како ги подведува малолетните ќерки на питачење.

Според полицијата, надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против С.Н.(37) од Прилеп, со живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело запуштање и малтретирање на дете.

-На 11.08.2023, пријавената била затекната како ги подведува на питачење нејзините два малолетни ќерки, појаснуваат од МВР.

Слични содржини