Жената која беше извлечена од урнатините од тим германски спасувачи 100 часа по разорниот земјотрес во Кирхан, Турција, почина денеска како последица на повредите, соопшти германска невладина организација.
„Зејнеп почина синоќа. Таа вчера беше спасена од нејзината урната куќа повеќе од 100 часа по разорниот земјотрес“, напиша во порака на Твитер невладината организација „ISAR Germany“.
„Нашиот тим е во шок и длабоко жали“, велат од невладината специјализирана за помош на настрадани од природни катастрофи.
➡️ 🇹🇷 🇩🇪 KÖTÜ HABER – Zeynep malesef dün gece hayatını kaybetti. Dün, büyük depremden 100 saatten fazla bir süre sonra yıkılan evinin enkazından kurtarılmıştı. Ekibimiz şokta ve üzüntü içinde, ailesiyle birlikte acısını paylaşıyoruz. #Turkiye #Turkey #deprem pic.twitter.com/BiOGuKvODb
— I.S.A.R. Germany (@ISAR_GERMANY) February 11, 2023
Германските спасувачи вчера објаснија дека успеале да ѝ провлечат вода и сок низ сламка додека сè уште била затрупана. Тие одржувале контакт со неа неколку дена благодарение на еден мал отвор.
„Спасувањето беше многу комплицирано бидејќи немаше многу простор, изјави лпортпаролот на невладината организација Стефан Хајне за AFP во петокот.
Тој додал дека таа долго време лежела на стомак веднаш до нејзините настрадани роднини.
Повеќе од 90 отсто од преживеаните од земјотресот се спасени во првите три дена по катастрофата. Тој период може значително да варира во зависност од временските услови, зачестеноста на последователните потреси и брзината со која пристигнува помошта.
Според последните официјални податоци, најмалку 24.490 луѓе загинале во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија, од кои 20.937 се во Турција и 3.553 во Сирија.