Починаа 11 граѓани од Ковид-19, дополнително регистрирани уште петмина во текот на ноември

од Nikola Popovski

Според бројките на здравствените власти, Во текот на изминатите 24 часа пријавени се и 11 починати лица – 3 починати од Скопје (67, 75 и 79 години) и по едно починато лице од Битола (53), Велес (59), Кавадарци (81), Крушево (84), Прилеп (66), Пробиштип (73), Радовиш (72) и Штип (78). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, се пријавени 5 починати лица во периодот од 9 до 16 ноември. Починатите се од Скопје (2), Тетово, Струмица и Битола. Тие биле на возраст од 65 до 80 години, при што едно лице е починато во домашни, а останатите четири во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 211.382, бројот на оздравени пациенти е 195.624, на починати е 7.406, а бројот на активни случаи изнесува 8.352.

Слични содржини