Починаа 13 лица од коронавирус, 5 во домашни услови

од Nikola Popovski
193 прегледи

Министерството за здравство исто така објави дека во изминатото деноноќие од коронавирус починале 13 лица.

Според извештајот, починале по 3 лица од Скопје (61г, 76г и 86г) и Гостивар (63г, 69г и 83г), по едно лица од Струмица (80г), Кавадарци (86г), Прилеп (70г), Кочани (76г), Тетово (68г), Гевгелија (50г) и Валандово (72г).

Од пријавените, 5 лица се починати во домашни, а останатите 8 во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.071, бројката на оздравени пациенти е 147.043, на починати е 5.342, а бројот на активни случаи изнесува 2.686, соопштуваат од МЗ.

Слични содржини