Починаа 13 пациенти, нови 129 случаи со коронавирус

од Берта Китинска
186 прегледи

Во последните 24 часа направени се 854 тестирања од кои се регистрирани 129 нови случаи, информираше Министерството за здравство.

Новите случаи се во: Скопје – 76, Кавадарци – 19, Неготино – 9, Прилеп – 6, Велес, Охрид и Струга – по 3, Куманово и Тетово – по 2, Битола – 9, Гостивар, Штип, Кичево, Виница, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.

Регистрирани се 342 оздравени пациенти од: Скопје – 101, Кавадарци – 49, Делчево – 45, Охрид и Струга – по 22, Велес – 18, Прилеп – 14, Неготино – 11, Тетово – 7, Куманово – 6, Гостивар, Демир Капија, Свети Николе и Берово – по 5, Штип – 4, Гевгелија, Радовиш и Валандово – по 3, Битола, Струмица, Крива Паланка, Пробиштип, Демир Хисар и Богданци – по 2, Кочани и Кратово – по 1.

Пријавени се вкупно 13 починати лица: 5 пациенти од Скопје (76г, 70 г, 61 г, 58 г, 54 г), 2 од Кавадарци (87г, 78 г), и по еден од Тетово (73г), Куманово (79г), Охрид (66г), Гевгелија (73г), Прилеп (80г) и Неготино (61г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Слични содржини