Починаа 21 лице од коронавирус, најмладиот имал 52 години

од Nikola Popovski
133 прегледи

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа, пријавени се вкупно 21 починато лице, на возраст од 52 – 93 години.

По градови, билансот изнесува: 8 пациенти од Скопје, од Прилеп и Охрид – по 2 починати лица и по едно починато лице од Куманово, Тетово, Штип, Струмица, Струга, Кочани, Неготино, Гевгелија и Пробиштип. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.930, бројката на оздравени пациенти е 98.133, на починати е 3.340, а бројот на активни случаи изнесува 11.457.

Слични содржини