Починаа десет лица од Ковид 19, најмладиот пациент е од Тетово

од Берта Китинска

Бројот на новозаболени од Ковид-19 и натаму трицифрен. Денеска се регистрирани 428 нови случаи на Ковид-19.

Починати се 10 лица, двајца пациенти од Скопје (60 и 66г), еден од Куманово (64г), двајца пациенти од Прилеп (57 и 87г) двајца од Тетово (75 и 53г), еден од Струга (55г), еден од Струмица (83г) и еден пациент од Крива Паланка (80г). Од нив 1 пациент е починат вонболнички услови, останатите 9 се починати во болница.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23.628, бројката на оздравени пациенти е 17239, на починати е 834, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5555.

 

loading...

Слични содржини