Починаа пет пациенти од Ковид 19, најмладиот е од Македонски Брод

од Берта Китинска
166 прегледи

Во последните 24 часа се направени 1542 тестирања, а регистрирани се 142 нови случаи на ковид-19 во земјава.

Починати се 5 лица, пациент од Гостивар (69г), од Прилеп (84г), од Охрид (84г), од Македонски Брод (46г) и пациент од Штип (58г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15555, бројката на оздравени пациенти е 12994, на починати е 642, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1919.

Слични содржини