Починаа уште 26 лица од коронавирусот, вкупно 2.427 од почетокот на кризата

од Vladimir Zorba
175 прегледи

Во изминатово деноноќие починаа 26 лица како последица од коронавирусот, соопштија од Министерството за здравство.

Од нов, седум пациенти од Скопје (79, 75, 68, 78, 70, 84 и 83г), еден од Куманово (69г), четири од Прилеп (68, 88, 50 и 71г), еден од Тетово (53г), три од Струга (56, 84 и 81г), двајца пациенти од Битола (62 и 74г), тројца од Охрид (66, 65 и 79г), двајца од Гостивар (68 и 82г), двајца од Струмица (74 и 62г) и еден пациент од Делчево (56г).

Пациентите се починати во болнички услови.

Од почетокот на кризата во С.Македонија починаа 2427 лица од Ковид-19.

Слични содржини