Почината жена пронајдена во кочанско: Нејзиниот син, осомничен за убиство

од Radmila Tasevska

Вчера полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода М.Р.(53) од кочанско.

Имено, околу 09.30 во ОВР Кочани било пријавено дека во својот дом во село Бели, кочанско, во кој живеела со синот М.Р.(53), била пронајдена почината В.Р.(74).

Подоцна, при преглед на телото на починатата, лекар од Итна медицинска помош забележал траги на насилство.

Во координација со јавен обвинител телото било дадено на обдукција, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини