163
Од направени 1.334 ковид тестови, регистрирани се 85 нови случаи на ковид 19 од кои во Скопје се евидентирани вкупно 60 нови случаи. Од вкупниот број на позитивни (85), регистрирани се 19 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид -19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.054.677 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 311.936, бројот на оздравени пациенти е 302.061, на починати е 9.303, а бројот на активни случаи изнесува 572.