Почна протестот „1 од 5 милиони“ во Белград

од Aleksandar Petrovski
178 прегледи

Протестот во организација на здружението „1 од 5 милиони“ почна вечерва во центарот на Белград.

Според најавите, собирот претставува потсетување на акциите во текот на оваа година и што е постигнато со нив.

Планирано е на граѓаните да им се обратат студентката од здружението Валентина Рековиќ, како и претседателот на Независното здружение на новинарите на Србија, Жељко Бодрожиќ.

По обраќањето на говорниците, учесниците на протестот ќе заминат од платото пред Филозофскиот факултет кон зградата на Претседателството и до РТС.