Почна седницата на Советот за безбедност

од Vladimir Zorba
189 прегледи

Во кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски, почна седницата на Советот за безбедност, на чиј дневен ред се безбедносната состојба во државата и евроатлантскиот регион.

Како што соопшти кабинетот на шефот на државата, на оваа 19-та седница, што се одржува во вила „Водно“, покрај членовите на Советот за безбедност присуствуваат и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Зарко Милошевски и директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу.

Осумчленото тело го сочинуваат: претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски, министрите за внатрешни работи, одбрана и за надворешни работи Оливер Спасовски, Славјанка Петровска и Бујар Османи, Ненад Марковиќ, професор на Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Трајан Гоцевски, поранешен министер за одбрана и универзитетски професор и  Ветон Љатифи, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа.

По седницата не се предвидени изјави. За заклучоците од седницата Кабинетот на Пендаровски ќе информира со соопштение. 

Слични содржини