Денеска на пладне во вилата Водно започна Советот за национална безбедност свикан од Претседателот Стево Пендаровски.
Главна тема на Советот е францускиот предлог за преговарачката рамка за членство во ЕУ.
На дневен ред на седницата ќе биде модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија.
На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствува и заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ и премиерто Димитар Ковачевски.
По средбата ќе следува изјава на Пендаровски.