Во тек е средбата меѓу еврокомесарот за соседска политика и проширување на Европската унија, Јоханес Хан, и премиерот Зоран Заев. Ќе се разговара за реформите што Европската унија ги очекува од земјата. 
По средбата со премиерот Заев, Хан ќе има средба со владина делегација составена од вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Веднаш по средбите ќе се одржи тематска седница на владата за реформите кои треба да се спроведат, на која ќе присуствува и комесарот Хан.Еврокомесарот Хан и премиерот Заев ќе одржат заедничка прес-конференција за медиуми во 14 и 45 часот во Владата