Почна судењето за случајот против Емил Јакимовски

од Ивана Рамаданова
346 прегледи

Денеска во Кривичниот суд во Скопје започна судењето за случајот против Емил Јакимовски, обвинет за семејно насилство врз неговата поранешна сопруга и за закани врз новинарката Мери Јордановска.

Денешното рочиште беше одложено откако судијката побара на следното да дојде вештак психијатар, кој ќе треба да ја образложи состојбата на Јакимовски.

Според адвокатот на новинарката Јордановска и на поранешната сопруга на Јакимовски, Јанаки Митревски обвинетиот треба да остане во притвор додека не заврши постапката, бидејќи како што рече, бил опасен за себе и за околината.

„Една од причините за мерката притвор е можноста тој да го повтори делото или да го доврши тоа што го почнал. Тој е опасен за себе и околината”, додаде Митровски.

Тој додаде дека аргументите на обвинетиот му биле дека треба да поведе работен спор па бараше укинување на мерката притвор., додавајќи дека тоа не е причина за укинување на мерката притвор.

Во ќелијата на притворениот заканувач Емил Јакимовски при претрес бил пронајден мобилен телефон со СИМ-картичка, констатираше судијката Џанера Бегтовиќ на првото судење.

Одбраната на Емил Јакимовски истакна дека е задоволна од текот на процесот оти истиот е во рамки на законот.

Обвинетиот денеска побара да му биде укината мерката притвор оти, како што рече, требало да се брани во граѓански спор поради отказот што го добил во Централниот регистар. Судскиот процес продолжува на 13 февруари.

Слични содржини