Почна судењето во отуство на противникот на Ердоган, обвинетиот е во егзил

од Vladimir Zorba
76 прегледи

На муслиманскиот свештеник Фетулах Гулен, кој стана главен противник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, почна денес во Истанбул да му се суди во отсуство за обид за државен удар.

download (7)

Гулен, кој некогаш беше сојузник со Ердоган, е обвинет дека во 2013 година, поттикнувал истраги за корупција, во кои биле оопфатени и луѓе блиски на турскиот претседател и се обидел да ја урне владата.

Тој заедно со уште 68 лица, вклучувајќи го и шефот на полицијата, обвинет е за „обид за насилно уривање на турската република“, водење на терористичка организација и политичка шпионажа.
Гулен, кој сега живее во егзил во Пенсилванија во САД, ги негира обвинувањата.

Обвинителството бара доживотна казна затвор за обвинетите.